Ова уште одамна го имав напишано во мојот дневник но и го имав споделено со моите пријатели на фб, но еве решив и тука да го споделам, од едноставна причина што во човековата природа е луѓето среќата да ја квантифицираат со количина на пари или приходи, што е многу погрешно. Парите можат да помогнат но не и да купат работи што немаат парична вредност.
Животна лекција: Денес поминувајќи покрај лотарија, решив да уплатам лото. Кога влегов човекот ме праша: Kолку пари ти требаат? Без да размислам реков: Па и не ми требаат. Тогаш човекот рече: Многу луѓе уплаќаат бидејки сакат поголема куќа,поубава кола....многу добро што сеуште има скромни луѓе. Кога излегов,држејќи го лото ливчето навистина се запрашав зошто го реков тоа, и тогаш сватив нешто што одамна го знам. Во животот ништо не можеш да имаш повеќе од тоа што веќе го имаш ако имаш повеќе пари, бидејќи животот убавите работи ни ги дава бесплатно,и јас денес сум најсреќна што денес имав добитно лото ливче и што истото ми падна денес:) Драги пријатели, постојат милион работи околу нас што ги имаме бесплатно едноставно треба да ги видиме и да ги цениме, ниедно лото на свет нема да ви донесе пријатели,нема да ве направи подобра личност од тоа што сте веќе, нема да ви даде памет за да го делите лошото од доброто,правилното од грешното, ниту љубовта која ја барате а веќе ја имате:)
Лотото е интересна работа, и еден на милион добива. Така да дури се обидуваме и уплаќаме, многу важно е да не престанеме да го живееме животот најдобро што можеме, да ги цениме работите кои ги имаме.
29.Јануари 2011

0 comments:
Post a Comment