Компетентноста и компетенциите
можат да бидат дефинирани како однесување и карактеристики кои индивидуата ги
поседува, или кои се потребни да ги поседува, со цел ефективен перформанс на работното
место, овај термин се фокусира на персоналните атрибути и инпути на
индивидуата. Темата за компетентноста на македонските студенти ми се наметна,
од причина што моментално Македонија има 98% запишани студенти на
универзитетите ширум земјата од една страна, но од друга страна има 295.371
невработени односно 30,9%. Другата причина која ме потикна да го напишам овоj есеј е фактот што Македонија иако не е
сеуште дел од Европската Унија има позитивен индекс на инвестиции односно
константен пораст, но компаниите кои скакаат или веќе инвестираат понекогаш се
сериозно загрижени од кадарите со кои располага Македонија.
Во последните неколку години,
имав шанса но и желба да истражувам и читам многу книги и статии, од областа на
менаџмент на човечки ресурси. Пред да се решам да го започнам да го пишам овoј
есеј, бев навистина љубопитна да слушнам што би кажале колегите на оваа тема, она
што моажам да го кажам е дека воопшто не бев изненадена од нивните одговори. Причините
се едноставни, Македонските студенети но и она што е синдром на нашето
општество е вината за се што ни се случува да е одговорност на некоја
институција. “Не се компетентни,системот на високо
образование е катастрофолен.Се отворија факултети во сите градови.Денес секој
може да биде академски граѓанин,без оглед на тоа колку поседува знаеење,важно
има диплома...”- одговорот на Марија студент на педагошки факултет.
Она што очекував е токму ваков одговор, но она на што се однесува мојот есеј е
многу подлабоко од образовниот систем кој го имаме во Македонија. Да, еден од
факторите кој е земен во предвид во овај есеј е образованието, но за жал има
уште цела листа на фактори кои преидонесуваат нашите студенти да не се доволно
конкурентни на меѓународниот пазар на труд но и на македонскиот пазар на труд исто
така.
Во динамичен свет во каков што живееме, човечките
реурси со кој располага една компанија е фактор број еден за успешноста на самата
комапнија. Влегуваме во ера каде што технологијата го движи светот, но човекот
е сеуште фактор број еден кој придонесува таа технологија да оди напред. Од
иста причина, компаниите при самиот избор на кадар бараат нешто повеќе од
диплома, и токму тука се наметнува цела листа на вештини, компетенции,
карактеристики, знаења, искуства кои треба да ги поседува еден кандидат при
своето вработување било на македонскиот било на светескиот пазар на труд.
Другата дилема што произлегува од
овој наслов е “Зошто
баш меѓународниот пазар на труд а не македонскиот пазар на труд?” ,од причина што Македонија
е мала држава, но земја полна со не искористен потенцијал, велам неискористен
бидејќи има голем број на студенти и дипломци кои доколку би биле доволно
компетентни би можеле да придонесат за развојот на државата преку трансфер
интернационален “know-how” па и меѓусебен. Доколку Македонија е компетентна да
поризведен висококвалификуван кадар, тогаш развојот на самата држава и нивото
на иновација може да бидат на завидно
ниво.
Извадок од есејот на кој што штотуку почнав да работам, секоја критика и идеа е добредојдена.



0 comments:
Post a Comment