Friday, September 9, 2011

Патриот или Реалист

Многу често знам да влезам во "конфликт" и недоразбирање со пријатели, иако во сите  случаеви кога  станува збор само за бранење на личен став. За жал многу малку од денешната младина и знае што значи да се има личен став. Како и да, денес случајно го видов на статус кај другар следново: " Помина и 8-ми. Добредојдовте во реалниот свет! 30+% невработеност, 30+% сиромаштија, младина што секојдневно се одлева од државата, дупки по патиштата, исфрустриран патриотизам и сончево време надвор. Барем последното е за уживање. :)" Да бидам фер кон пријателот што го пиша ова, сум видела и многу полоши коментари од овој и знам дека неговата намера не беше да ја "брука"нашата држава туку напротив да ги поттикне луѓето да размислат. Последно нешто што беше навистина фрустирачки беше сликата која што ја видов на Демотивација "Преживување - дојди во Македонија па тогаш се фали". Како и да секој коментар од моја страна е секогаш дефиниран како "патриот", не дека ми смета но некогаш луѓето навистина ги мешаат и користат поимите без притоа да го знаат значењето. Она што следи после патриот е секако позиција или опозиција. Каква глупост, за да ја сакаш државата каде што живееш не мора да си политичар или симпатизер на некоја партија. Она што сакам да го кажам и што веќе го споделив со мојот пријател е следното Македонија има проблем со економијата, со сиромаштија но она што е потрагично е што има проблем со вредностите кои ги гради денешната младина. Има невработеност од 30% и сиромаштија од 30%, дупки по патишта, но и она полошото, младина која го прифаќа тоа и младина којашто не прави ништо за да се смени тоа. Во замена за тоа имаме младина која постојано чека државата нешто да му обезбеди, младина која радо би коментирала за тоа што се случува во државата отколку да превземе став и иницијатива да смене нешто. Не сум ни позиција ни опозиција, и реалноста е една ниту една влада нема да промени ништо, доколку луѓето не се свестат и не ја започнат промената од себе. Ставот е еден државата ја прават луѓето кои живеат во неа. Веќе се навикнав да ги слушам коментарите за тоа колку се задоволни и незадоволни од условите кои ги имаме во државата тоа е демократија, и јас можам само едно да кажам државата не ни прави ништо за што пред тоа ништо ние не сме направиле. Сакаме работа, зошто наместо да ја чекаме некој да ни ја понуди едноставно не ја креираме? Сакаме да студираме надвор од државата, има милиони начини да добиете стипендија.Зошто имаме само неколку студенти кои тоа го прават? Сакаме да се намали сиромаштијата? Што ние правиме за тоа? Дури чекаме некоја промена да се запрашаме и самите што правиме за таа промена да дојде.Има милион прашања и одговори, но мојот став е едноставен "Не чекам државата со нешто да ме обезбеди, можам само да се запрашам што јас можам да направам за мојата држава". Сега можете да ме наречете повторно патриот но јас сум само една личност која промената ја гледа во себе а не во државата, личност која наместо да ја сожалува државата пред се ја сака, личност која наместо да ја споредува со останатите верува дека нашата драва е уникатна и тоа е она што ја прави најдобра. 

0 comments:

Post a Comment

katerina.kimovska. Powered by Blogger.

No comments:

Post a Comment