Во организација на УНИЦЕФ, во почетокот на 80тите години, би организиран "квиз" такмичење за деца од разни области - од спорт до астрономија. На една пауза за време на ручекот, една калуѓерка, која била задолжена за чување на децата, од својата чанта изваде златна монета, сакајќи низ забава да го провери нивното размислување, па ги прашала: "Знаете ли кој е најголем човек, кој некогаш живеел на земјата. Кој што ќе одговори ќе ја добие златната монета".
Прв се јавил дестегодишниот италијанец: "Дали тоа бил Макијавели?"
"Не" - одговорила калуѓерката. "Тој беше еден од најголемите уметници"
"Тогаш сигурно е Аристотел" - се обидела малата гркинка.
"Не" - поново одговорила калуѓерката. "Тој беше еден од најголемите мислители, татко на логиката". "Јас знам кој е" - се јавил малиот евреин. "Исус Христос".
"Точно" - потврдила калуѓерката, давајќи му ја златката монета.
Малку изненадена од одговорот, после ручекот го запрашал малиот евреин: "Тувиа, дали ти навистина веруваш во тоа дека Исус Христос бил најголемиот човек кој некогаш зивеел на земјата?" тогаш Тувиа рекол: "Секако - НЕ! Секој знае дека најголем беше Мојсеј, но работа си е работа."
Секогаш сум се прашувала, од кога и од каде потекнува идеата дека парите се силен мотив. Сега сум сигурна дека целосно потекнува од она на што те научиле дома, и домашните вредности. Некогаш е полесно да се рече дека едукативниот систем на научил на вакви вредности но вистината е поинаква. Кога ќе влезеш во бизнис светот, тогаш главен "виновник" е твојот работодоавец. Што да кажам освен следново "Сменете ги вашите вредности, пред вредностите да ве сменат вас."



0 comments:
Post a Comment